wordpress counter

Оставете ги цигарите со помош на природата

Ако сакате да престанете да пушите цигари, во тоа може да ви помогне и одењето на пазар или во маркет. Така барем тврдат резултатите од истражувањето спроведено на Универзитетот во Бафало, САД.

Во него учествувале 1.000 пушачи постари од 25 години. Покрај пушачките навики, се испитувале и нивните навики за консумирање на овошје и зеленчук. Истражувачите ги следеле кандидатите цели 14 месеци и заклучиле дека колку повеќе се консумира овошје и зеленчук, толку помалку се палат цигари.

Според експерите, се случува пушачите да го излажат гладот со помош на цигари, а од друга страна токму овошјето и зеленчукот може да помогнат да се спасиме од оваа навика. Интересно е да се напомене дека кафето и алкохолот го подобруваат доживувањето при пушењето цигари.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Видео: Реклама на Кејт Аптон за хамбургер

Уште една одлична конекција помеѓу храната и убавината на жената. Компаниите „Carl’s Jr.“ и „Hardee’s“ ја промовираа својата нова тв-реклама...

Close