wordpress counter

Откачена „OMG“ диета (1 дел)

Оваа диета се состои од прескокнување на појадокот, јадење три големи оброци и уживање во големо количество кафе. Звучи како список на работи кои никако не смеете да ги правите, но оваа најнова британска диета веќе се заканува да ја симне од тронот недопирливата „Дукан диета“.

Ова диета ја осмислил тренерот Венис Фултон и ја нарекол „Six Weeks to OMG“, а настанала како плод на долги истражувања и неговото лично искуство. За разлика од другите диети, Фултон не нуди детален план на оброци и мени, туку доволно е да го прилагодите сегашниот животен стил на неговите предлози. Постојат 6 основни чекори:

Прескокнете го појадокот
Многу стручни лица сметаат дека ова е најважниот оброк во денот. Сепак, Фултон тврди дека нашето тело, во текот на спиењето, ја троши претходно консумираната храна и поради тоа мозокот ни испраќа сигнали дека сме гладни. Во тој момент не мора да трчаме по житарки, туку да го оставиме телото да се нахрани од килограмите кои сакаме да ги истопиме.

Туширајте се со ладна вода
Најдобро е да се прави наутро, затоа што така телото ќе ги троши калориите за ја одржи телесната температура. Тоа ќе го подобри метаболизмот во следните 12-15 часа. Сепак, не претерувајте. Водата треба да биде од 15-20 степени, а туширањето да трае максимум 15 минути.

Related Posts with Thumbnails