wordpress counter

Откачена „OMG“ диета (2 дел)

Во првиот дел од статијата наведовме дека оваа диета се заканува да стане попопуларна од досега неприкосновената „Дукан диета“. Напоменавме два од основните постулати на оваа диета, а денес продолжуваме со другите предлози на основоположникот, тренерот Венис Фултон.

Кафе
Откако ќе се истуширате со ладна вода, следниот чекор е кафе. Кафето помага во борба против вишокот килограми, ако го консумирате на вистинскиот начин. Дури, колку повеќе имате чувство на глад, толку поефикасно кафето ќе се бори против вишокот маснотии. Најдобро кафе е црното кафе, без млеко и шеќер.

Движење
Комбинацијата од кофеин и физичка активност ќе му даде сила на телото да ги троши масните наслаги. Колку повеќе мускули користите притоа, толку поголема е ефикасноста. Доколку не сте љубители на џогинг, одлична замена се и брзото одење и градинарството. Важно е во дисциплината која сте ја избрале да уживате барем 30 минути.

Започнете да јадете
Според оваа диета најдобро е да се консумираат три оброци на ден. Телото таложи масни наслаги за да може да ја употреби таа енергија кога не се внесува храна. Тоа значи дека е потребно да му оставиме доволно простор меѓу оброците за да може да ги согори наслагите. Затоа, три оброци дневно се најдобрата опција.

Броење на јаглехидрати
Секој оброк треба да има по 50% протеини. Добар извор на протеини се пилешко месо, мисиркино месо, риба, јајца, јогурт и јаткасти плодови. Од друга страна, ако сакате да ослабете, потребно е да ги броите јаглехидратите и да не надминете повеќе од 150 гр дневно. Во зеленчукот можете да уживате неограничено, со исклучок на грав, морков, цвекло, компир и пченка. Не консумирајте повеќе од три парчиња овошје на ден. Најдобро е да се јаде авокадо, боровница, грејпфрут, гуава, ананас, сливи, јагоди и домати. Доколку сте жедни, напијте се вода или зелен чај.

Предупредување: не започнувајте ниту една диета без да се консултирате со вашиот матичен лекар.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Нездравата храна ќе добие етикети какви што имаат цигарите?

Асоцијацијата на лекари од Онтарио претстави неколку тест амбалажи за храна со етикети со застрашувачка содржина. Целта на овие етикети...

Close