wordpress counter

Овошје и зеленчук кои се јадат со кора

Постојат природни плодови кои, поради состојките, подобро е да се јадат со кора. Кората од овие плодови делува позитивно на нашето здравје и вкупната енергетска состојба на органзимот. Сепак, изборот дали ќе ги консумирате со кора, го оставаме на вас.

Портокал
Кората на портокалот го намалува холестеролот, додека антиоксидансите од кората се 20 пати помоќни отколку оние во плодот. Можете да приготвувате јадења со кора од портокал, или да направите сок од цел плод на портокал.

Киви
Влакнестата кора од киви има неколку пати повеќе антиоксиданти отколку самиот плод. Овие и други супстанции кои ги содржи се доволни да спречат бројни воспаленија и алергии. Ако не ви се допаѓа да ја јадете кората, можете целиот плод на киви да го ставите во блендер и да го комбинирате со други овошја.

Лук
Лушпата на лукот го спречува стареењето и го штити срцето. Најдобро е целиот лук да го прелиете со маслиново масло и да го додадете кон некој јадење кое го печете.

Банана
Иако ви изгледа чудно, сепак кората од банана може да се консумира. Се вари во вода 10-тина минути и потоа се остава течноста да се излади и се пие. Лечи од благи депресии и го штити видот.

Related Posts with Thumbnails