wordpress counter

Печурки – храна, лек или отров? (1 дел)

Печурките се постојано на нашето мени. И тоа не од сега, туку уште од пред 10-тина векови. Но, освен како храна, тие се и одличен лек. Една мала печурка, позната како „Penicillium notatum“ ги убива бактериите. Тоа откритие на Алекасандар Флеминг ја измени историјата на светот и медицината.

Од друга страна, некои печурки се познати по своето опасно и халоциногено делување. На пример, славната „Amanita muscaria“ ja користат шаманите за воспостават врска со „повисоки состојби на свеста“. Халуцинациите ги предизвикува мускимолот. Тој е психоактивен алкалоид кој може да се најде во многу печурки од родот „Аманита“. Сроден на него е THIP, кој има слично делување како и морфиумот.

Труење предизивкани со консумација на печурки
Кога станува збор за безопасно труење, најпрвин се јавуваат силни болки. Но, ретко остануваат трајни последици. А, такво труење може да предизвикаат ѓаволската печурка (Boletus satanas), која има црвено тело и бела капа, потоа Russula emetica, која има црвено шеширче и бело тело, муварката и други печурки.

Но, некои труења се навистина опасни. Труењата кои ги предизвикуваат белата, зелената или смрдливата пупавка можат да бидат фатални. Знаците на труење доаѓаат релативно доцна, 6 часа по консумирањето. Симптоми за труење од пупавка се повраќаење, дијареја и тешки оштетувања на црниот дроб. Овие труења завршуваат со смрт. Најголема опасност доаѓа од фактот што смртоносните печурки се мошне слични на оние кои ги јадеме. Затоа, треба да бидеме особено внимателни и сигурни пред да ги консумираме.

Related Posts with Thumbnails