wordpress counter

Печурки – храна, лек или отров? (2 дел)

Веројатно сите три во едно. Вкусни се како храна, имаат лековито дејство и можат да бидат фатални поради отровот. Во првиот дел наведовме видови печурки во чија консумација не смееме да уживаме. Некои од нив се помалку опасни, додека некои врсти како пупавката, може да имаат фатални последици.

Но, дали печурките делуваат како лек?

Печурките и малигните заболувања
Многу студии покажуваат дека екстрактите од печурки помагаат во борба против определни видови на рак. На пример, AHCC го јакне имунолошкиот систем и на тој начин помага во борба против ракот. Покрај тоа, ги намалува нус-појавите од хемотерапиите. Во Јапонија, овој екстракт се додава кон исхраната.

Рак на дојка
Некои природни состојки на печурките, како што се флавони и изофлавони, наводно го смалуваат делувањето на ензимот ароматаза, кој е вклучен во развојот на овој вид на кацер.

Рак на простата
Лентинан, екстрактот од шитаке печурки, се користи заедно со доксорубицин во лекување на овој тип на рак. Со нивно делување се намалува внесувањето на лекови и нивното токсично делување.

Имунитет и кардио болести
Шитаке и маитаке печурките се познати како имуностимулатори. Содржат полисахариди, кои го јакнат имуно системот.
Некои печурки како Pleurotus eryngii штитат од кардио заболувања преку инхибирање на ензимот кој ја одредува синтезата на холестерол. Печурката Pleurotis cornucopiae го намалува крвниот притисок, додeкa шитаке печурките го спречуваат затнувањето на крвните садови.

Related Posts with Thumbnails