wordpress counter

Перфектна диета (1 дел)

Кога зборуваме за диета, најчесто помислуваме на брзо губење на килограми и рамен стомак и задник. Меѓутоа, тоа е само дел од вистината. Затоа и овој текст го посветуваме на одговорот на прашањето што е тоа перфектна диета?

Перфектна диета е балансирана, односно врамнотежена исхрана. Исхрана која содржи точно количество на калории (енергија) за да се одржат сите системи во телото врамнотежени.

Постојат три основни правила кон кои мора да се придржуваме:

1. Никогаш, ама никогаш не го прескокнувајте појадокот, бидејќи тоа е најважниот оброк во денот.

2. Секогаш имајте барем три оброци во текот на денот, затоа што во спротивно вашиот метаболизам ќе се забави.

3. Обидете се да јадете продукти од секоја од 6-те групи, и тоа на секој оброк.

Во продолжение, ќе наброиме три мошне важни делови на балансирана исхрана. Тука спаѓаат јаглехидратите, мастите и протеините.

Јаглехидрати
Тоа е најважниот извор на енергија за телото. Постојат два основни типа на јаглехидрати: прости (шеќери) и сложени (скроб). Диететските влакна се исто така дел од јаглехидратите. На секој грам јаглехидрати доаѓаат 4 калории. Може да се најдат во житарки, овошје и зеленчук, млечни и зрнести производи.

Врамнотежената исхрана подразбира 60% од калориите да доаѓаат од јаглехидратите. Притоа, најголем дел од овие извори на енергија се здрави. Овошјето и зеленчукот содржат и фруктоза и влакна. Интегралните житарки, кафениот ориз и тестенините нѐ снабдуваат со влакна и витамини и имаат низок гликемиски индекс. Тие се разлагаат на глукоза многу поспоро отколку нездравата храна која ни го подигнува нивото на шеќерот по консумирањето.

Рафинираните шеќери немаат никаква нутритивна вредност и тие треба да бидат ограничени кога станува збор за балансирана исхрана.

Балансиран појадок: една чинија житарки, подготвени со млеко со ниска масленост, засладени со путер од кикиритки.

Related Posts with Thumbnails