wordpress counter

Перфектна диета (2 дел)

Во првиот дел зборувавме за влијанието и учеството на јаглехидратите и мастите во исхраната. Денес, ќе го опишеме влијанието на мастите и протеините врз нашата избалансирана исхрана.

Масти

Мастите се есенцијални за нашето преживување. Ги градат ѕидовите на клетките и се потребни за пренесување и апсорпција на витамини. Приближно 15-20% калории би требало да доаѓаат од мастите. Тие се и одличен извор на енергија. Но, примарен избор кај овој тип на исхрана треба да бидат незаситените масти, кои може да ги најдете во јајцата, млекото, месото и сирењето.

Холестеролот е есенцијална маст која се произведува во црниот дроб. Се користи при создавање на клетки и хормони. Во храната, може да се најде во месото и млечните продукти. Доколку консумираме премногу заситени масти, ќе се зголеми нивото на холестерол. Затоа, одберете маслиново или репино масло и јадете потенки парчиња месо.

Рибата содржи здрави омега-3 и омега-6 масни киселини. Парче лосос или туна стек е одличен избор за вашата исхрана. Храната со маснотии секогаш е вкусна, но сепак мораме да ја консумираме умерено.

Совет: бидете внимателни со храната која содржи малку маснотии, поради фактот што тие се заменети со шеќери со цел да се одржи вкусот и аромата.

Протеини

Протеините се важен дел  од исхраната бидејќи учествуваат во изградба и очувување на ткивата. Вашата кожа, коса, нокти и мускули се состојат од протеини. Протеините прават да се чувствувате сити и најдобро е 15-20% од калориите да бидат од протеинска природа. Тоа е сосема доволно да се освежат мускулите по вежбањето, да се очува кожата и косата здрава.

Смуди од млеко, банана, јагода, манго и јогурт или путер од кикиритки се одличен избор на протеини.

Предлог за балансиран ручек: сендвич од интегрален леб со туна, пилешки или мисиркини гради, гауда сирење и сос од сенф и мед.

Предлог за балансирана вечера: салата од бадеми, ореви, ракчиња, црн грав и сирење е добар избор на адекватни протеини.

Related Posts with Thumbnails