wordpress counter

Пет трендови во здравата исхрана

На изложбата на природни производи која неодамна се одржа во Балтимор, САД претставени се неколку производи кои сè повеќе заземаат место на менито на оние кои сакаат да се хранат здраво.

Чипс од кељ
Ова е една здрава алтернатива на обичниот чипс. Може да го приготвувате и сами, а ќе уживате во грицки без калории и маснотии.

Киа семки
Богати се со омега-3, анитоксиданси, калциум и железо. Да не зборуваме за витамини. Помагаат во јакнење на косата, сјајот на кожата и намалување на лошиот холестерол во крвта. Се јадат со салати, сосови, житарки и јогурт.

Грчки јогурт
Главната разлика помеѓу грчкиот и обичниот јогурт е што грчкиот е помасен и погуст, но содржи два пати повеќе протеини од обичниот јогурт.

Продукти без глутен
Глутенот е белковина која се наоѓа во пченицата, ржот, јачменот, овесот. Таа е една од основните состојки во производите кои нè опкружуваат: тестенини, пици, леб. Со оглед дека сè поголем број луѓе имаат нетолеранција на глутен, оваа индустрија е во подем. За волја на вистината, бројот на производи без глутен постојано расте, а квалитетот се подобрува.

Продукти без ГМО
Со оглед дека во последно време сè посилни се барањата ГМО производите да бидат посебно обележани, некои производители отидоа чекор подалеку. Имено, тие назначуваат дека нивните производи немаат ГМО компоненти. Овој тренд е присутен секаде во светот.

Related Posts with Thumbnails