wordpress counter

Пирамидата на исхрана го чува работното место

ПИРАМИДАТА НА ИСХРАНАТА ГО ЧУВА ВАШЕТО РАБОТНО МЕСТО

Сме виделе и сме прочитале текстови за многу пирамиди, но пирамидата на исхрана освен што изгледа убаво, ќе ви помогне и да останете на работа. Сигурно се прашувате како? Одговорот е мошне едноставен. Оваа пирамида ги содржи сите неопходни видови храна кои треба да ги внесете во текот на работниот ден. Претежно свеж зеленчук и овошје: најмногу ориз, па потоа морков, црвено гравче, грашок, пченка (кромид не ви советуваме поради колегите), јагоди, цреши, калинки, малини.

Наместо да консумирате разни лиснати теста, сендвичи со лоша комбинација на намирници или чорби кои во следните два часа ве држат во полусвесна состојба или во состојба да не можете да се помрднете од столчето, подобро е да се погрижите околу вас да се најде сето она што ви го споменавме во пирамидата и што ќе ви даде доволно енергија да си ги завршите работните обврски. Верувајте, кога би го имале тоа јадење пред вас дека чинијата многу бргу ќе изгледа како да е измиена. Или уште подобро, можете по продавниците да најдете токму таков сад и да си ја подготвите потребната количина од дома и со сласт да ја изедете на вашето работно место.

На тој начин и вие и вашиот претпоставен ќе бидете задоволни. Од каде знаете, можеби ќе следи и некое покачување или напредување во кариерата.

Related Posts with Thumbnails