wordpress counter

Плодови на морето

Шкампи, јастог, лигњи, школки, риби, октопод… кои од кои повкусни. Сите се плодови на морето во кој сите поеднакво уживаме. Претставуваат идеална храна за секој што сака да изгуби вишок килограми и да го почести својот организам со здрава храна.

Сите плодови изобилуваат со минерали и протеини. Имаат многу низок удел на масти, а прилично висок на есенцијални аминокиселини. Од мастите, најголем дел се омега-3 масни киселини, кои имаат позитивно влијание врз нашето здравје.

Од минералите најприсутни се селенот, фосфорот, железото, цинкот. Селенот поседува антиоксидантни својства и антиканцерогено влијание. Железото е значаен дел од еритроцитите и е неопходен во преносот на кислородот до клетките. Фосфорот е важен за здравјето на коските и апсорпцијата на калциум.

Б комплексот владее во морските плодови, особено Б12. Во помали количини има и витамин А и Д.

Треба да се спомене дека овие плодови имаат и негативна репутација поради холестеролот и натриумот. Но, важно е и да се знае дека на здравјето многу попогубно делуваат заситените масти (кои ги има многу малку кај овие плодови), отколку холестеролот внесен во организмот со консумација на морските плодови.

Related Posts with Thumbnails