wordpress counter

Победете ја болката со овошје и зеленчук

Вратете се со мислите во минатото и замислете како нашите претци излегувале на крај со болките, кога немало „аналгин“, „бруфен“, „кетонал“ и слично. Веројатно сега си мислите зошто воопшто да се мачиме со алтернативна медицина, кога имаме едно „златно апче“ кое за брзо време ќе ни ги намали болките.

Но, земете предвид дека секое апче, колку што ќе ви помогне во моментот, на долгорочен план ќе ви наштети. Погледнете во упатството за апчињата, поточно на долгата листа на нус-појави кои тоа апче може да ги предизвика. Затоа, може да се обидете да ја победите болката со тоа што го имате во вашиот фрижидер.

Да започнеме со бананата. Ако имате стомачни грчеви, тогаш ова е овошјето за вас. Грчевите најчесто настануваат поради недостатокот на калиум, а бананата е богата со калиум и со редовно конзумирање ќе ги намалите грчевите.

Доколку патите од артритис и слични заболувања, ќе ви помогне циметот. Тој ги редуцира воспаленијата и уричната киселина, која е главен виновник за артритисот. Зачинете со ѓумбир или куркума, кои имаат исто аналгетско својство како и „аспиринот“ или „бруфенот“. За разлика од нив, овие две растенија ќе ви го заштитат системот за варење и нема да ви ги загрозат бубрезите.

Ослободете со од главоболката и болката во мускулите со рака полна со цреши. Витаминот Ц значително ја намалува болката и е природен антиоксиданс, така што ако изберете било кое овошје богато со овој витамин, ќе ви помогне во намалување на болката.

Ставете маслиново масло во вашата салата и тоа ќе ве заштити од воспаленија, ќе ја намали болката, крвниот притисок и ќе ви го зачува срцето здраво.

Зелената салата ја содржи истата состојка која ја има аспиринот. Освен што ќе ви ја намали болката, исто така ќе ве заштити и од воспаленија.

Затоа, размислете дали следниот пат кога ќе имате главоболка ќе ја отворите кутијата со лекови или вашиот фрижидер.

Related Posts with Thumbnails