wordpress counter

Помалку шеќер – повеќе здравје

Познато ни е дека внесот на шеќер ни носи енергија или пак ни го крева расположението кога се чувствуваме депресивно. Но, важно е да се напомене дека многу од нас внесуваат и поголеми количини на шеќер, за што и не сме свесни.

Проблемот е во фактот што шеќерот ни дава енергија во вид на чисти калории и ништо друго. Поради тоа организмот треба да користи други материи за негово варење и тоа влијае на нашето здравје. Покрај тоа, тука се и проблемот со преголемa телесна тежина, срцеви заболувања и намалување на имунитетот.

Препорачана дневна количина
ПДК е 90 гр шеќер. Тоа се приближно 13 мали лажици. Толку има во две лименки или во 8 чоколадни колачиња. Треба да се напомене дека половина количина од тој шеќер треба да се внесе преку природни производи.

Каде се крие шеќерот?
● во производи со ниска масленост, каде вкусот се надоместува токму со шеќер;
● во готова храна како супи од ќесички, готови сосови и слично;
● во газирани сокови.

Пакување
Прочитајте што пишува на пакувањето. Ако има до 5 грама шеќер на 100 гр производ, тогаш можете да го купите, ако има над 10-15 гр, тогаш во тој производ има премногу шеќер и не би требало да се консумира.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Таљатели во сос од вино и сливи

За денес ви предлагаме уште еден рецепт за тестенини во комбинација со вино и сливи. Приготвувањето трае околу 40-тина минути,...

Close