wordpress counter

Постпразнична детоксикација (2 дел)

Во првиот дел зборувавме за основите на детокцикацијата. Денес ќе ве запознаеме со нејзините предности и недостатоци. Покрај тоа, ќе ви понудиме и предлог мени кое одговара на правилата на оваа диета.

Предности
Диетата е богата со влакна, витамини, минерали, содржи балансирана количина на јаглехидрати, протеини и масти. Со придржување до препораките, се намалува можноста за кардио болести, дијабетес, карцином, а овозможува и одржување на телесната тежина.

Недостатоци
Оваа диета бара многу време за подготовка, затоа што треба да се консумираат свежи продукти. Сепак, со креативни идеи може да се осмислат оброци кои може да се понесат на работното место или на патување.

Предлог мени

Појадок: овесни снегулки со јогурт, чај од коприва и лубеница.
Ручек: риба на скара, варен компир со блитва, зелена салата со рукола и маслиново масло.
Вечера: салата од ослиќ и пиперка, краставица, маслиново масло, лук и сок од лимон.

Related Posts with Thumbnails