wordpress counter

Постпразнична детоксикација (1 дел)

Празниците завршија и сега е вистинско време малку да се прочисти нашиот организам. Токму затоа ја предлагаме оваа програма. Со помош на неа организмот ќе се ослободи од штетните материи кои се насобрале во него.

Се препорачува висок внес на овошје и зеленчук, за да се внесат диететски влакна кои се неопходни при детоксикацијата. Потоа интегрални житарки, интегрален ориз, просо и јачмен кои го поттикнуваат варењето. Житарките пожелно е да се консумираат преку ден, додека јаткастите плодови како дел од другите оброци.

Сите овошни плодови се добредојдени, а особено јаболкото. Зеленчукот богат со влакна треба да се внесува во поголеми количини. Може да се јаде свеж или во варива, сосови или печен на фолија.

Јаглехидрати за појадок, протеини за вечера
Истотака, потребно е да внимавате на внесот на јаглехидрати и протеини. За појадок и ручек треба да се внесуваат јаглехидрати, а за вечера продукти со протеини. На тој начин, ќе го снабдите организмот со потребната енергија.

Од јаглехидрати се препорачува риба, немасно месо, месо од птици, свежо сирење, соја и производи од соја. Продукти богати со јаглехидрати се житарките (пченица, ‘рж, зоб, просо), тестенини, палента, пченичен гриз, кус кус. Не се препорачува леб.

За време на детоксикацијата потребно е да се внесуваат доволно течности, за да се избегне дехидрација. Се препорачува вода, чаеви, незасладени сокови од овошје и зеленчук, супи.

Внимавајте продуктите кои ги внесувате при оваа диета да имаат што е можно помалку ароми, конзерванси, пестициди и затоа се препорачува продуктите да бидат органски одгледани.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Похувано биено сирење

Маја Доле­ска Прилеп Денешниот рецепт ни го испрати нашата редовна читателка Маја. Станува збор за навистина вкусно предјадење. СОСТОЈКИ ●...

Close