wordpress counter

Природни средства за главоболка

Честопати, причината за главоболката може да биде стресот. Стресот делува на мускулите на главата и вратот и поради тоа тие се стегаат. Тоа го зголемува притисокот, што резултира со главоболка. Доколку не сакате да пиете апче, тогаш може да употребите некој од следниве природни состојки:

Масло од мајчина душица и рузмарин
Ставете неколку капки од ова масло на челото и добро измасирајте. Ова масло содржи карвакрол – супстанција која има против воспалително дејство.

Чај од корен од ѓумбир
Неколку кришки од корен на ѓумбир се ставаат во 2 шолји вода и се остава да отстои 30 минути. Ѓумбирот ја спречува синтезата на простагландин и ги ублажува мигрените.

Масло од пеперминт и лаванда
Направете купка со пеперминт и лаванда и ќе постигнете смирувачки и релаксирачки ефект. Топлата вода, во комбинација со ова масло, ќе ја повлече крвта кон стапалата и ќе го ублажи крвниот притисок во главата.

Магнезиум
Оние кои патат од чести главоболки имаат многу мало количество на магнезиум во организмот. Лекарите препорачуваат 400 мг магнезиум дневно.

Витамин Б12
Едно истражување покажа дека 400 мг од овој витамин дневно, во период од три месеци, ја намалува мигрената за 50%.

Чај од камилица
Чајот од камилица содржи компоненти кои ја смируваат болката и релаксираат. Затоа, пронајдете некое мирно место, одморете и напијте се од овој чај.

Related Posts with Thumbnails