wordpress counter

Продукти кои нè прават среќни

ПРОДУКТИ КОИ НЀ ПРАВАТ СРЕЌНИАвстрискиот професор Хадемар Банкхофер ни го открива оптималниот план на исхрана за добро расположение. Во него не смее да недостасуваат банана, компир, авокадо и сирење.

Компирот гарантирано ви носи добро расположение. Со него може да се поттикне создавањето на хормонот на среќата. Тајната е во тоа што нашиот организам брзо го вари скробот од компирот. За само 30 минути по консумирањето, доаѓа до создавање на инсулин кој не само што ќе ви даде енергија, туку и чувство на задоволство и добро расположение.

За жените најважни се млечните производи. Сирењето и јогуртот произведуваат чувство на среќа. Тоа произлегува од фактот што јаглехидратите, фруктозата и глукозата го поттикнуваат создавањето на серотонин. Освен тоа, овие производи имаат и калциум кој ги спречува промените во расположението и помага да се совладаат напнатоста и чувството на нерасположеност.

Од овошјата, производството на хормонот на среќата го помагаат бананата и авокадото, додека од зачините биберот. За биберот е особено интересен еден податок. Имено, нашиот мозок, лутиот вкус на капсаицинот од биберот, го толкува погрешно како болка. Поради тоа, како реакција, се создава ендорфин кој доведува до тоа да се чувствувате пријатно.

Related Posts with Thumbnails