Продукти кои смеат да се јадат доцна навечер
Сигурно безброј пати ви се случило да чувствувате голем глад во доцните вечерни часови. Наместо во тој момент да консумирате грицки и слични продукти кои ќе ја зголемат вашата тежина, потребно е да јадете продукти кои нема да делуваат неповолно по вашето здравје и сон. Подолу следува храната која може да ја консумирате во доцните вечерни часови.
Овесна каша со млеко – можеби не звучи привлечно, но бргу ќе ве засити, а содржи и серотонин, кој ќе делува на вашето расположение.
Нискокалорично сирење – магнезиумот од сирењето делува смирувачки. Ова сирење и неколку крекери ќе го смират гладот.
Јаткасти плодови – изедете неколку ореви или бадеми, можеби малку несолени кикиритки. Овие плодови имаат високо количество на магнезиум.
Сок од цреши – две чаши на ден се сосема доволни (една наутро, една навечер). Содржи мелатонин кој делува на квалитетот на сонот.
Чаша млеко – најстариот рецепт на светот. Млекото содржи аминокиселина триптофан, која го подобрува сонот и спиењето. ●
