wordpress counter

Продукти кои содржат најмногу омега-3 масни киселини

Многу луѓе се свесни дека им фалат омега-3 масни киселини, но многу малку од нас навистина внимаваме колку внесуваме. И покрај тоа што постојат во форма на таблети, нивното внесување директно од свежи продукти е многу поблаготворно.

Во продолжение, ќе наведеме неколку продукти кои се најбогати со омега-3 масни киселини.

Лосос
Оваа риба е најдобриот пливачки извор на овие киселини. Едно парче од 110 гр сиров лосос содржи преку 1.600 мг „DHP“, „EPA“ и „ALA“ (три вида омега-3).

Туна
Освен што тешко дека може да се надмине нејзиниот фантастичен вкус, таа содржи и прилично големо количество омега-3. Имено, во 80 гр туна има 1.100 мг омега-3.

Лен
Ова ситно семе е вистинска инјекција за нашето здравје. Една мала лажица содржи цели 2.300 мг омега-3. Прелијте ги салатите со масло од лен или додадете го во супите. Семките може да ги додадете кон житарките за појадок, во каша или пекарски производи.

Ореви
Една четврина шолја ореви има преку 2.600 мг „ALA“. Можете да ги јадете сирови или пржени, можете да ги додадете кон салати, во песто, таратор, леб…

Јајца
Во зависност од јајцата, тие содржат од 40 до 250 мг „DHA“ и „EPA“. Какви и да одберете, не ја прескокнувајте жолчката, затоа што таа содржи здрави масти.

Чиа семки
Една мала лажица содржи 2.400 мг „ALA“ масни киселини. Можете да ги користите на истиот начин како и семките од лен.

Related Posts with Thumbnails