wordpress counter

Продуктите од соја помагаат во менопаузата

Во последно време, кај многу жени кои влегуваат во менопауза, расте интересот за подобрување на состојбата со метаболитичките и психолошките промени со кои се соочуваат во овој период од животот. Поради можноста од опасност во користењето на медицински третмани, како што се хормонски терапии и слично, многу од нив избегнуваат вакво решение.

Затоа, голем број од нив бараат помош во алтернативната медицина. Се обидуваат со природни состојки да се справат со опаѓањето на естрогенот во организмот. Во Јапонија не постои збор за менопауза и во светот се смета дека овие жени не патат од ефектите на оваа животна промена. Тоа научниците го објаснуваат со начинот на исхрана, бидејќи за разлика од останатите жени, во Јапонија и општо во азиската исхрана сојата е застапена речиси во секој оброк.

Сојата содржи група на хемиски состојки наречени фитоестрогени. Тие имаат хемиска структура многу слична на естрогенот, кој се создава во организмот. Со консумирање на производи кои ја имаат оваа состојка, може да се помогне во периодот на менопауза и да се поттикне лачењето на естроген или да го замени истиот.

Внесувањето на соини производи, односно производи кои содржат фитоестроген, може да биде еден начин како да се справите со проблематичните симптоми на менопаузата. Всушност, ова е едно многу лесно и вкусно решение со кое ќе го збогатите вашето дневно мени и веќе за неколку недели ќе се чувствувате значително подобро. Ќе исечзнат бурните испади, постојаната промена на темературата и слично. Едноставно ќе ви го олесни овој проблематичен период и ќе ви овозможи да уживате во зрелите години.

Related Posts with Thumbnails