wordpress counter

Психологија на храната

ВОДА • ПСИХОЛОГИЈА НА ХРАНАТА

Исхраната и душевната состојба се поврзани на многу начини. Ова го потврдуваат и многу современи истражувања на мозокот на човекот. Сѐ што чувствуваме, а е поврзано со храната, е резултат на биохемиските реакции. Дури и нашите чувства се водат од трансмитерите кои се разменуваат помеѓу нервните клетки. На пример, кога ќе не обземат тажни чувства, со помош на јадење кое некогаш го подготвувала нашата баба или мајка, ние можеме да го подигнеме расположението.

Освен храната, за организмот е многу важно и внесувањето на течности. Кога има доволно течности (минимум 2 л на ден), организмот може да ги транспортира хормоните на среќата.

Ладната вода го забрзува протокот на крвта во организмот и е добра за ублажување на бесот и агресијата. Џвакањето на тврда храна како морков, јаболка или целер го смирува центарот за агресија во мозокот. Шпагетите можат да го подигнат расположението по напорниот ден. Јаглехидратите делуваат на зголемување на нивото на шеќер во крвта.

Всушност, сите јадења кои делуваат позитивно на работата на мозокот, делуваат позитивно и на состојбата на духот. Ја подобруваат концентрацијата, способноста за помнење, ја зголемуваат отпорноста кон стресот и го чуваат внатрешниот мир кој толку му е потребен на секој од нас. За подобра работа на мозокот консумирајте лешници, јаболка, банани, мешунки, тестенини, риба и 2.5 литри вода на ден.

Еден мал совет за релаксирање: земете парче црно чоколадо кое има барем 70% какао и оставете го полека да се стопи на јазикот. Смирувањето и љубовните чувства се загарантирани.

Related Posts with Thumbnails