wordpress counter

Сакате рамен стомак?

Знаеме дека до рамен стомак не се доаѓа така лесно. Потребни се вежби и многу движење или џогирање. Меѓутоа, важен дел од оваа приказна е и исхраната. Постојат продукти кои делуваат поволно на системот за варење и на топење на масните наслаги. Таа храна би требало почесто да биде на менито, ако сакате рамен стомак.

Кефир
Овој ферментиран млечен производ е познат како еликсир на младоста. Покрај тоа што содржи протеини, има и пробиотици. Токму британските научници докажаа дека пробиотиците ги уништуваат масните наслаги.

Јајца
Белката од јајцата е чист протеин кој гради мускули, додека жолчката се состои од витамини и минерали кои даваат енергија. Според истражувањата, луѓето кои консумирааат продукти богати со протеини полесно ја одржуваат својата телесна тежина. Конкретно, со консумирање на таква храна, ќе намалите 3 килограми на годишно ниво, без дополнителни напори.

Грејпфрут
Киселината која ја содржи дава чувство на ситост. Има ниска енергетска вредност и при негово консумирање организмот ги троши своите залихи на енергија, читај – масти. Да не потенцираме дека го намалува холестеролот и ризикиот од срцеви заболувања.

Интегрални тестенини
Имаат низок гликемиски индекс, што подразбира дека кога ги консумирате не се зголемува нагло нивото на шеќер во крвта, туку тоа оди постепено. Обичните тестенини нагло го зголемуваат нивото на глукоза. Ако тоа не го потрошите во краток рок, се претвора во масти.

Зелен чај
Овој вид на чај има и премногу позитивно влијание за да не се консумира. Бодибилдерите, често по тренинзите пијат зелен чај. Преполн е со оксиданси, кои ги врзуваат слободните радикали, ги регулираат мастите и делува смирувачки.

Related Posts with Thumbnails