wordpress counter

Се случи и тоа: домат во пилула

ДОМАТ ВО ПИЛУЛАНовиот додаток кон исхраната популарно е наречен „Tomato pill“, а неговото службено име е Атернон. Овој препарат го лансирала биотехнолошка компанија која работи заедно со универзитетот во Кембриџ. Според промотивниот материјал овој додаток има скоро револуционерна моќ и неверојатно голема ефикасност на активните состојки.

Оваа пилула содржи изолиран црвен пигмент од домати за кој се смета дека го смалува нивото на холестерол и на тој начин штити од артериосклероза. Прелиминарните истражувања на 150 пациенти болни од срцеви болести покажуваат дека во период од 8 недели, Атернонот ја смалува оксидацијата на холестеролот за 90%.

Мислењата на докторите и на истражувачите сеуште се поделени. Еден дел сметаат дека ова е одлична насока во борба против холестеролот која треба да се развива и понатаму, додека кардиолозите сметаат дека додека не се испита ефикасноста на пилулата нема да препорачуваат нејзино пиење.

Related Posts with Thumbnails