wordpress counter

Сè за витамините: витамин А

СЀ ЗА ВИТАМИНИТЕ

Витаминот А за првпат е препознаен во 1913 година. Познат е и по името ретинол, збор кој повеќе го користат производителите на козметика која се бори против процесите на стареење на кожата. Витаминот А се апсорбира од телото во форма на ретинол.

Пигментите познати како каротеноиди се трансформираат во ретинол преку процесот на метаболизам во човековото тело. Овие пигменти се наоѓаат во многу зеленчуци и овошја. Овие состојки се познати и како провитамин А. Но, немаат сите каротеноиди значајна активност како провитамини.

КОЈА Е НЕГОВАТА ФУНКЦИЈА?
• На нашето тело му е потребен витаминот А за да се произведе родопсин.
• Тоа е пигментот кој ни помага да гледаме кога е темно.
• Овој витамин игра важна улога во имунолошкиот систем и нѐ чува од бактериски, паразитски и вирусни инфекции. Поради ова, витаминот А е особено значаен при прележувањето на сипаници кај децата.
• Помага устата, дигестивниот и респираторниот систем да бидат влажни и на тој начин го спречува навлегувањето на надворешни организми и отрови, како и да лечи воспаленија или пост инфекции.
• Претставува моќен антиоксиданс. Го спречува делувањето на слободните радикали кои предизвикуваат значајни оштетувања на организмот, меѓу кои и канцерот.

КОЛКУ ВИ Е ПОТРЕБНО?
Препорачаната дневна доза обично се изразува во микрограми, но не е исклучено тоа да биде и во милиграми или во интернационални единици (IU).
Таа доза изнесува 900 микрограми за мажи, 700 микрограми за жени и 1300 микрограми за бремени жени. Внес поголем од 3000 микрограми не се препорачува.

КОЈА ХРАНА ГО СОДРЖИ?

СЀ ЗА ВИТАМИНИТЕ: ВИТАМИН А

Жолти и темно зелени овошја и зеленчуци имаат високо количество на провитамин А, особено бета-каротин. Затоа и се вели дека треба да се јадат оние кои ги имаат боите на семафорот. Во некои плодови, како што се морковите, провитамините не се веднаш во состојба за апсорпција, бидејќи се врзани со протеини. Затоа е потребно претходно да се сварат.
Витамниот А е стабилен кога ќе се изложи на топлина и светлина. Иако, при готвењето генерално не се уништува, може да се направи неактивен кога е изложен на влијание на железо и бакар. Заштитен е во присуство на витамин Е.

ЗНАЦИ НА НЕДОСТАТОК НА ВИТАМИН А
Првиот симптом е влошен вид, кој се манифестира со ноќно слепило. Потоа, недоволен телесен развиток на децата, проблеми со репродуктивниот систем кај возрасните, гингивитис, многу сува кожа и инфекции. Ако недостатокот е голем може да дојде и до спонтан абортус и анемија.

НОВИ ИСТРАЖУВАЊА
Новите истражувања покажуваат дека витаминот А е особено делотворен при намалување на ризикот од канцер, респираторни проблеми кај децата и глаукомот. Бета-каротинот станува значаен при намалување на ефектот од стареењето на мозочните клетки и го подобрува процесот на учење и меморија.

Related Posts with Thumbnails