wordpress counter

Сѐ за витамините: Витамин Ц

Витаминот Ц, или уште попознат како аскорбинска киселина, е веројатно еден од најпознатите витамини. Најчесто, веднаш асоцира на цитрусните овошја и е познат по тоа што го зајакнува имунитетот, го заштитува организмот од инфекции, настинки и грипови во зимските денови.

Многумина не знаат дека всушност витаминот Ц е антиоксиданс кој има многу голема функција во нашиот организам. Тој ги одржува непцата и забите здрави, помага во апсорбацијата на минерали во организмот и во заздравувањето на раните. Исто така е витамин кој ја разградува водата во организмот.

Која е неговата функција?
Витаминот Ц е моќен антиоксиданс кој ги врзува слободните радикали. Преку оваа реакција, витаминот го штити телото од разни видови на рак и од други опасни болести.

Игра голема улога во формацијата на сврзното ткиво, ‘рскавицата, забите, непцата, кожата и тетивите. Со неговото присуство во организмот се забрзува процесот на заздравување на раните. Го прави телото отпорно на инфекции и ги заштитува мускулните мембрани.

Колку ви е потребно?
Дневната препорачана доза за возрасни мажи е 90 мг, а за жени 75 мг. Но, сепак, нутриционистите препорачуваат дневната доза на витамин Ц редовно да биде 1.000 мг, што е идеално, но да не надминува 2.000 мг. Витаминот Ц е еден од ретките витамини од кои е многу тешко да добиете хипервитаминоза и речиси нема некоја посебна опасност. Сепак, доколку земете повеќе од 6.000 мг (6 гр), тоа може да биде штетно за црниот дроб и луѓето кои имаат проблеми со камења во бубрезите треба да избегнуваат прекумерени дози.

Која храна го содржи?

Знаци на недостаток
Најверојатно имате недостаток на витамин Ц доколку сте пушач или живеете во загадена средина, пиете пијалаци кои содржат кофеин, подлежни сте на стрес, закрепнувате од некоја болест или операција, редовно земате аспирин или сте над 55 години.

Лесно ви излегуваат модрики, подлежни сте на инфекции и настинки, имате заболени непца или ви крварат непцата, ви тече носот, ви испукуваат капиларите. Доколку имате некој од овие симтоми, тоа е сигурен показател дека имате недостаток од овој витамин.

Нови истражувања

• витаминот Ц го намалува ризикот од појава на катаракта во позрелите години;
• може да нѐ заштити од срцев удар и рак;
• кај луѓето кои јадат храна богата со овој витамин, намален е ризикот од удари, а особена корист од него имаат пушачите.

Related Posts with Thumbnails