wordpress counter

Сè за витамините: Витамин Е

Витаминот Е или токоферол е моќен антиоксиданс. Тоа е витамин кој се раствора во мастите и се складира во телото само краток временски период. Затоа, потребно е постојано внесување.

Која е неговата функција?

● како антиоксиданс ги неутрализира потенцијално опасните слободни радикали. Тие предизвикауваат промени во ДНК структурата и може да предизвикаат канцер;
● ги чува клетките во добра состојба;
● го зголeмува искористувањето на Витамин А;
● ги одржува во доба состојба нервните завршетоци, кожата, мускулите, црвените крвни клетки, срцето и циркулацијата.

Колку ви е потребно?
Пре­по­ра­ча­ната дневна доза обично се изра­зува во мили­грами и таа доза изне­сува 15 милиграми и за машката и за женската популација. Бремените жени треба да внесат малку повеќе. Препорака е да се држите до дневно препорачаната количина.

Која храна го содржи?
Во маслата, како што е сончогледовото масло, потоа во сончогледовите семки, јаткасти плодови како лешници, бадеми и пињоли. Го има и во слатките компири и во крушите.

Знаци на недостаток
Најчесто недостатокот на витамин Е може да се види преку рани кои тешко се залечуваат, губење на мускулната маса, како и неплодност.

Нови истражувања
Суплементите кои го содржат овој витамин може да штитат од рак на белите дробови и грлото на матката. Некои студии покажале дека овие додатоци делуваат и на почетниот стадиум на катаракта.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Совети за исхрана на бебињата (1 дел)

Воведувањето нови продукти во исхраната на бебињата значи и почеток во создавањето на животните ставови во врска со храната. Поголем...

Close