wordpress counter

Сè за витамините: Витамин К

Витаминот К е витамин кој е растворлив во масти и се создава од бактерија која живее во дебелото црево. Потоа повторно се апсорбира назад во крвниот систем и извршува бројни задачи. Недостатокот на овој витамин е вистинска реткост.

Која е неговата функција?
Помага при засирување на крвта и има важна улога во создавањето на протеини кои ги чуваат здрави нашите заби и коски.

Колку ви е потребно?
Дневната препорачана количина е 120 микрограми за возрасни мажи и 90 микрограми за возрасни жени.

Која храна го содржи?
Брокули, прокељ, јогурт, зелена зелка, жолчка од јајце, масло од соја и од рибји џигер, како и морските алги.

Друга примена
Големо крварење при менструален циклус може да се ублажи со витамин К. Жените во менопауза кои губат многу калциум може да го спречат тоа со витамин К. Овој витамин ги намалува и мачнините при бременост.

Нови истражувања

• студиите покажуваат дека луѓето кои внесуваат поголема количина витамин К (преголемата количина ја зголемува масата на телото, а може да предизвика и оштетувања на црниот дроб) имаат многу помал ризик да заболат од канцер;

• помага при опоравување по операција;

• на бебињата им помага полесно да се развие процесот на засирување на крвта.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Книга наместо играчка во „Happy Meal“

„Мекдоналдс“ во Британија планира наместо играчки со познатиот оброк „Happy Meal“ да дели книги. Според  предвидувањата, компaнијата ќе подели преку...

Close