wordpress counter

Седум продукти на кои треба да им кажете НЕ! (1 дел)

Сте се запрашале ли некогаш зошто токсиколозите не јадат пуканки приготвени во микробранова печка? Или зошто фармерот не јаде неоргански одгледан компир или зошто рибарот никогаш не препорачува риба одгледана во базен, односно рибник? Одговорот лежи во фактот што постојат прехранбени производи кои би требало да ги исфрлиме од исхраната.

Домати во конзерва
Ендокринолозите велат дека овие домати содржат една супстанција со која се обложува лименката. Станува збор за бисфенол-А, синтетички естроген кој се поврзува со многу болести. Киселоста, која е карактеристика на доматите, е всушност резултат на бисфенолот – А.

Месо од говеда хранети со пченка
Фармерите секогаш одбиваат месо од говеда хранети со пченка. Тие сметаат дека природна храна на говедата е тревата, а не жито. А, повеќето фармери ја користат пченката за да предизвикаат побрзо товење на животното.

Пуканки од микробранова печка
Експертите по токсикологија сметаат дека пуканките приготвени во микро-печка ги содржат и токсините од пакувањето на пченката. Освен неплодност, тие може да предизвикаат и рак на црниот дроб, тестиси и панкреас.

Related Posts with Thumbnails