wordpress counter

Седум продукти на кои треба да им кажете НЕ! (2 дел)

Во првиот дел, наве­довме три про­дукти кои треба да ги забо­ра­виме ако си го сакаме здра­вјето. Ста­нува збор за домати во кон­зе­рва, месо од говеда хра­нети со пченка и пуканки при­го­твени во микро­бра­нова печка. Овој спи­сок не го пра­виме ние во Гур­ман™, туку ста­нува збор за спи­сок кој го напра­виле ток­си­ко­лози, док­тори, фар­мери, нутри­ци­о­ни­сти, рибари, агрономи…

Неор­ган­ски про­и­зве­ден компир
Фар­ме­рите кои про­и­зве­ду­ваат комири велат дека нико­гаш не би про­бале неор­ган­ски про­и­зве­ден компир. Тоа е поради фак­тот што коре­не­стиот зеле­ну­чук ги апсор­бира пести­ци­дите, хер­би­ци­дите и фун­ги­ци­дите кои се нао­ѓаат во земјата по тре­ти­ра­њето со хемикалии.

Риби кои се одгле­ду­ваат во базени
Спо­ред риба­рите, таквата риба има многу пома­лку вита­мин Д во себе, а може да содржи и кан­це­ро­гени состојки. Покрај тоа, постои оправ­дан сом­неж дека тие риби се тре­ти­раат со антибиотици.

Млеко од крави тре­ти­рани со вештачки хор­мони
Луѓето кои се дел од дви­же­њата за здрава храна, нико­гаш не пијат млеко од крави тре­ти­рани со вештачки хор­мони. Имено, некои про­и­зво­ди­тели на сво­ите крави им даваат говед­ски хор­мони, со цел да ја зго­ле­мат коли­чи­ната на млеко. Некои од тие хор­мони знаат да пре­ди­зви­каат инфек­ција на вимето, па дури и гној во млекото.

Јабо­лка тре­ти­рани со пести­циди
Агро­но­мите не пре­по­ра­чу­ваат јабо­лка тре­ти­рани со пести­циди, осо­бено по напра­вени истра­жу­вања за повр­за­но­ста на работ­ни­ците кои тре­ти­раат пло­дови со пести­циди и бро­јот на забо­лени работ­ници од рак. Нај­многу забо­лени има токму помеѓу оние кои тре­ти­раат јабо­лка со пести­циди.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во ЗДРАВЈЕ