wordpress counter

Шерил Кроу и нејзината анти-канцер диета

Рокерката Шерил Кроу доживеа животна пресвртница откако и беше дијагностициран рак на дојката. Оттогаш наваму, таа е во постојана потрага по здрав начин на живеење. Таа, минатата година, заврши со своите третмани против оваа опасна болест. Но, продолжи да внимава на исхраната.

Токму денес ви ги откриваме нејзините совети и програма на исхрана, како превенција од ракот од било каков тип. Таа споменува неколку типа на суперхрана, за кои експертите велат дека имаат моќ да спречат бројни заболувања, а не само канцер.

Ореви – богати со омега-3 масни киселини, оревите делуваат превентивно кај сите видови рак, особено ракот на дојката. Покрај тоа, содржат состојки кои спречуваат затнување на артериите.

Суви сливи – тие се преполни со антиоксиданси кои се концентрираат со процесот на сушење. Помагаат при дигестија и детоксикација.

Сок од калинки – Кроу вели дека го пие секој ден. Покрај антиоксидансите, последните истражувања покажуваат дека овој сок може да го намали „лошиот“ холестерол.

Домати – и тоа од секаков тип. Во супа, во сос, како сок. Пребогати со ликопен, состојка која се бори против сите видови на рак, особено ракот на простата, гради, бели дробови и дебелото црево.

Боровинки и брусници – сите шумски плодови имаат антиоксиданс, но боровинките се најмоќни од сите други видови. Брусницата може да биде особено делотворна кај ракот на јајниците.

Покрај овие основни типови на суперхрана, Шерил Кроу вели дека при превенција ефикасни се и брокулите и другиот зелен зеленчук, потоа едамам и органско пилешко месо.

Related Posts with Thumbnails