wordpress counter

Што и зошто се јаде?

ШТО И ЗОШТО СЕ ЈАДЕ

Постојат работи кои не ги знаеме за храната која секој ден ја консумираме. Би се изненадиле колку нивното запознавање може да ни помогне во изборот на тоа што ќе јадеме денес. Еве неколку факти кои треба да нè подучат што и зошто да внесуваме во нашиот организам:

ЈАБОЛКА
Едно јаболко на ден може да ви помогне да ја намалите тежината. Јаболката се богати со пектин, кој што е растопливо влакно. Пектинот го намалува ослободувањето на шеќери, со што помага да се чувствувате сити подолго.

ПЧЕНКА
Богата со биотин, кој што ја стимулира продукцијата на кератин. Кератин е главна компонента на косата и ја прави посилна и сјајна.

ЛУБЕНИЦА
Ова овошје изобилува со витамин Б6, кој е природен енергетик, така што покрај убавиот освежителен вкус, од лубеницата ќе добиете и многу енергија.

СЛИВИ
Го намалуваат појавувањето на проширени вени. Сливите содржат тромбин кој помага при коагулација на крвта.

БРОКУЛА
Го намалува ризикот од рак на дојка. Брокулата содржи природни хемикалии наречени индол-3-карбинол , кои ги уништуваат пре-канцерогените клетки.

ЦИМЕТ
Овој вкусен зачин го намалува шеќерот во крвта и го одржува на стабилно ниво.

АВОКАДО
Покрај тоа што изобилува со здрави маснотии, авокадото исто така изобилува со омега 9, состојка која помага во намалување на прекумерната желба за јадење.

ГОВЕДСКО МЕСО
Има големо влијание при намалување на мигрените. Содржи ниацин кој е докажан лек за намалување на болката од мигрена.

ОРИГАНО
Ги намалува бактериските инфекции. Во него има природна антибактериска компонента наречена естрагол која помага во одбраната од инфекции.

Related Posts with Thumbnails