wordpress counter

Што зборува дебелината за вас? (1 дел)

Секој од нас посакува тенок струк, затегнат задник и рамен стомак. На ова влијаат и субјективни и објективни фактори. Најважниот објективен фактор е генетиката, која е заслужна за тоа што на определени делови од нашето тело се лепат масти. Секако, тука е и полот. Но, важно е дека и вие, со советите кои ви ги подготвивме и малку напор, ќе можете да го достигнете посакуваниот изглед.

Колкови и задник
Ако по градбата спаѓате во жени со крушковиден облик на задникот и на колковите, значи дека внесувате премногу калории. Потенцијален кривец може да биде и работното место и повеќе часовната врзаност за канцелариското столче. Според истражувањата, кога седиме, ензимите кои ги согоруваат мастите се наоѓаат во фаза на мирување.

Решение: долги прошетки. Секаде, каде што ќе можете, одете пешки. До продавница, до работното место, избегнувајте го лифтот и одете по скали.

Раце
Ако со текот на годините, кожата на рацете на вашата мајка се опуштила, многу веројатно е и кај вас да се случи тоа. Причината не е само во годините, туку и во периодот на доење.

Решение: почнете на време да вежбате и да ги обликувате мускулите на рацете. Тоа ќе ви помогне да не ги криете рацете во ракави кога ќе навлезете во зрели години.

Гради
Некои жени се генетски предодредени да имаат проблем со „спуштање“ на градите. На време започнете со вежбање и одржувајте ги градите во форма.

Решение: доколку сте забележале дека големината на вашите гради е поврзана со задржување на течности, внесувајте повеќе вода. Таа ќе го поттикне исфрлувањето на солите, кои се главна причина за собирање на течностите. Од помош ќе биде и зелениот чај.

Related Posts with Thumbnails