wordpress counter

Што зборува дебелината за вас? (2 дел)

Во претходниот дел разгледавме што значи доколку вишокот масти се собираат на вашите колкови, раце и гради и какви мерки да преземете за да го подобрите вашиот надворешен изглед. Денес, продолжуваме со уште неколку критични места на женското тело, кои претставуваат проблематични зони.

Стомак
Секој пат кога ќе облечете некој од вашите омилени фустани, вишокот стомаче кое се гледа преку ткаенината ви го расипува расположението. Доколку сте во предменструален период, оваа појава е сосема нормална и не треба да кревате паника. Но, ако имате тенденција да се здебелувате околу стомакот, причината за поголемо стомаче може да биде стресот. Според истражувањата, хормонот на стресот предизвикува таложење на масти во стомачниот регион.

Решение: заменете ја храната преполна со адитиви и рафинирани шеќери со житарки, соја, риба, јаткасти плодови. Истотака, комбинацијата на возење велосипед и брзо трчање согорува три пати повеќе масти отколку која било друга активност.

Зглобови
Натечените зглобови се првиот знак дека организмот не го исфрла вишокот течности од себе. Потенцијален виновник може да бида солената храна. Ако не е тоа причината, тогаш проверете да не е лоша циркулација, антидепресиви или контрацептивни пилули.

Решение: доколку ве мачи овој проблем, тогаш избегнувајте долго седење на едно место или одберете некоја полесна физичка активност.

Внатрешни органи
Кај некој жени се случува вишокот масти да се таложи околу внатрешните органи близу стомакот. Проблемот не е видлив во другите делови на телото, но овој тип на дебелеење е мошне опасен, затоа што може да предизвика сериозни заболувања.

Решение: избегнувајте заситени масти во слатки, месни преработки и грицки. Според истражувањата и џогирањето го смалува нивото на внатрешни масти за 7% во период од 6 месеци.

Related Posts with Thumbnails