wordpress counter

Сите бои на храната

СИТЕ БОИ НА ХРАНАТА

Според кинеската традиција, храната се дели на 5 бои: црвена, жолта, зелена, бела и црна. Секоја од нив се однесува на определен орган од нашето тело. Така, зелената храна го подобрува работењето на црниот дроб, црвената на срцето, жолтата на слезината, белата на белите дробови, а црната на бубрезите.

Зелените продукти (јаболка, киви, салата, спанаќ, краставица) го спречуваат оштетувањето на ќелиите. Против воспаленија се бори белата храна која се состои од лук, банани и праски. Жолтата храна, како тиква и пченка, го јакне имунолошкиот систем и влијае позитивно на крвотокот. Црвените продукти (јагоди, цреши, вишни, домат) делуваат превентивно на канцерот, додека за црната храна стручњаците сметаат дека е поздрава од сите други типови на храна. Имено, во неа го има природниот оксиданс антоцијанин кој му дава карактеристична боја на овошјето и зеленчукот. Заедно со изофлавинот и минералите нѐ штити од болести на срцето, канцерот, го намалува крвниот притисок и холестеролот. А согласно истражувањата, она што го намалува холестеролот го намалува и ризикот од канцерогени заболување.

И сега доаѓаме до главното прашање: Која е таа црна храна? Сите продукти кои имаат темна боја – сливи, капини, грозје, црна соја која ги разградува маснотиите, црн сусам, црни печурки кои го јакнат имунитетот, оцет балсамико, црни рибизли кои се одличен антиоксиданс.

Ние би ви советувале сите бои да ја красат вашата маса додека јадете. Не само вашето здравје, туку и вашите очи ќе ви бидат благодарни за тоа.

Related Posts with Thumbnails