wordpress counter

СО ХРАНА ДО ПОГОЛЕМО ЛИБИДО

margolove (Flickr)Конзумирањето на нездрава храна не само што ве прави дебели, туку и ја уништува вашата желба за секс со тоа што ги опустошува вашите хормони. Освен што ја намалува вашата самодоверба, вишокот килограми ве тера и да се чувствувате како да се клатите во креветот, во текот на страсните ноќи во спалната соба. А, мора да признаеме дека сексот е интересен во било која фаза од врската или бракот, а во истовреме ги намалува стресот и немирот, и го спалува вишокот калории кои сте ги внеле.

Добрата вест е што има начин како да го вратите сексуалниот поттик. Затоа се потребни неколку видови храна кои имаат дејство на афродизијак:

• производи од непросеано брашно, во вид на леб или тестенини – делува на рамнотежата на хормоните;
• лосос – може да доведе до мошне интензивен оргазам;
• целер – ја стимулира желздата во мозокот која влијае на сексуалните хормони;
• спанаќ (омилената храна на Попај, со која постојано ја освојува Олива) – заедно со цинкот знаат како да ја зајакнат страста;
• авокадо – ќе ве наполни со енергија за долга ноќ;
• темно чоколадо – содржи стимуланс, па затоа е познат под името љубовна дрога, со кој го убрзува пулсот и му прави трик на мозокот да има илузија како сега да се вљубил;
• шумски плодови – ја прават вашата кожа мека и осетлива на допирите на вашиот партнер;
• бадеми – обезбедуваат баланс на секс хормоните;
• семе од тиква – содржи битни масни киселини и цинк со кои делува на продукцијата на хормони.

НАПОМЕНА: следниов список не значи дека тие јадења мора да ги конзумирате посебно. Единствено е важно да ги вметнете во вашите секојдневни оброци и секако во оброците на вашиот партнер.

За да не биде залуден целиот труд, треба да се избегнуваат следниве уништувачи на либидото:
• кафе – премногу кофеин ќе ви го украде сонот и вечерта ќе ве направи истрошени за секси игри;
• готова храна – може да ве направи надуени и летаргични;
• бел леб – избегнувајте го белиот леб како и други јадења кои го успоруваат дигестивниот систем;
• многу слатки јадења – ја подигаат бргу енергијата, по што следи пад по кој веќе нема интерес за долга и бурна ноќ;
• многу алкохол – за мажите: во такви околности сигурно заборавате за што служи креветот.

Related Posts with Thumbnails