wordpress counter

Со јога вежби против глад (1 дел)

Јогата е базирана на филозофија на постигнување на рамнотежа на духот и телото. Постојат бројни примери на луѓе кои со години се бореле против нездравите прехранбени навики и не успеале во таа борба. Сѐ додека не дознале за јогата.

Клучот на јогата и исхраната е да се пронајде вистинска рамнотежа. Рамнотежа со која ќе може да се контролира нездравиот однос кон храната и нападите на глад. Според оваа филозофија, воопшто не е добро да се менуваат паралелно денови во кои се храните здраво и оние кога јадете лоша храна. Со јога ова би требало да стане минато.

Со редовно вежбање на јога може да отстранете многу лоши навики на исхрана.  На пример, потребата за слатко сред ноќ. Сепак, според познавачите, еден од главните принципи на јогата е првин да научите како да се сакате самите себе и да го сакате и цените тоа што го внесувате во себе.

За ова и за принципот на „slow food“ ќе зборуваме во вториот дел од статијата.

Related Posts with Thumbnails