wordpress counter

Со јога вежби против глад (2 дел)

Во првиот дел се запознавме со суштината на јогата и нејзината поврзаност со исхраната. Овој текст е наменет на сите оние, кои по долги години борба, сѐ уште не успеваат да се ослободат од лошите прехранбени навики. Еден од начините е вежбањето јога.

Еден од главните принципи на јогата е да научите да се сакате самите себе. Клучна работа е да започнете да го слушате сопственото тело и така да дознавате која храна му е потребна. Поврзаноста со вашето внатрешно јас ќе ви овозможи да ги разберете пораките како што се оние за ситост и на тој начин да го промените вашето однесување на масата.

Кога еднаш ќе успеете да ја усвоите таа свест, ќе разберете кои прехранбени навики ви штетат, а кои се корисни за вас. Со други зборови, конечно ќе бидете во состојба да кажете „НЕ“ кога ќе добиете напад да изедете нешто што не е добро за вас.

„Slow food“
Иако звучи едноставно, „slow food“ е сложена тема. Внесувањето на продуктите постепено во организмот е навистина тешка задача. Повеќето од нашите оброци се, така да кажеме, „од нога“. Затоа, крајно време е кога јадеме, да седнеме, да се опуштиме и вистински да уживаме во храната.

Инаку, „slow food“ не е спротивност на „Fast Food“, туку учење кое настојува да укаже дека е потребно да се јаде квалитетна храна која ни е достапна. Козумеризмот не сврте кон ефтина, наместо кон квалитетна и хранлива исхрана. Сѐ се тоа работи кои сериозно може да влијаат на нашиот живот и здравје. Затоа и треба да им посветиме соодветно внимание.

Related Posts with Thumbnails