wordpress counter

Со кола пијалаци до парализа

СО КОЛА ПИЈАЛАЦИ ДО ПАРАЛИЗА

Преголемото консумирање на кола пијалаци може да предизвика состојба која се нарекува хипокалемија, при која нивото на калиум во крвта се намалува. Симптомите кои може да се појават варираат од блага слабост на мускулниот систем, па сѐ до парализа.

Истражувачите ги советуваат докторите да ја разгледаат можноста дека причината за мускулните болки може да биде во големите количества на кола. Дури, има пациенти кои пијат помеѓу 2 и 10 литри кола на ден и кои имаат симптоми на ослабување на мускулатурата.

На тој начин, покрај претходно откриените симптоми како што се проблеми со забите, деминерализација на коските и дијабетес, се надоврзува и состојбата на парализа на локомоторниот систем, кои како причина го имаат овој газиран пијалак. Истражувачите сметаат дека комбинацијата на шеќер и кофеин во кола пијалаците ја активира таа состојба.

Сите пациенти бргу оздравуваат откако ќе престанат со пиење на кола и ќе започнат со дополнително внесување на калиум.

Related Posts with Thumbnails