wordpress counter

Со вино против дебелина

Во виното има состојка позната како пицеатанол, која по структурата е слична на ресвератролот (за кој често сме пишувале), и која го спречува настанувањето на масни наслаги.

Процесот на созревање на масните клетки трае по 10-тина и повеќе дена и е познат како адипогенеза. Во присуство на пицеатанолот, овој процес или е инхибиран или доцни. Оваа состојка се врзува за инсулинските рецептори на масните клетки уште во првата фаза на адипогенеза.

На тој начин, се блокира способноста на инсулинот да го контролира циклусот на клетките и да ги активира гените одговорни за раст и развој на масните клетки. Со тоа се спречува создавањето на масно ткиво.

Истражувањата во иднина ќе биде насочени кон спречување на разградувањето на пицеатанол, со цел да се постигне доволна концентрација на оваа состојка во крвта за да се спречи создавањето на масни наслаги.

Related Posts with Thumbnails