wordpress counter

Со витамини против брчки

СО ВИТАМИНИ ПРОТИВ БРЧКИ

Повеќето од нас стравуваат од процесот на стареење и последиците кои ги има овој процес по нашиот надворешниот изглед. И првата работа која ни паѓа на памет е купување на еден куп козметички препарати, од кои повеќето немаат никакво забележливо делување. Многу подобро и поефикасно ќе биде ако се завртиме кон здравата храна. Таа, заедно со козметичките производи, претставува основа за сјаен, здрав и убав тен.

За да го забавиме процесот на стареење и да го вратиме младешкиот сјај на кожата, потребно е постојано да консумираме продукти кои се богати со витамин А, Ц и Е.

Витаминот А го регулира делувањето на хормоните, го поттикнува лачењето на колаген и ја зацврснува кожата, а најмногу го има во морковите, млекото и млечните производи, рибите, кајсиите, рибиното масло.

Витаминот Ц го спречува појавувањето на капилари и флеки на лицето и е особено значаен, а ќе го внесете преку киви, лимон, зелка, пиперка, домат, компир.

Витаминот Е, еден од најдоверливите сојузници во борба против стареењето, може да се внесе во организмот преку житарките, јаболката, сојата, ореви, лешници, мешункастиот зеленчук.

Related Posts with Thumbnails