wordpress counter

Сопствена градина – подолг живот

Ако имате сопствена градина, или сте пренамениле еден дел од балконот за таа цел, можете да ја подобрите вашата ментална состојба, здравјето и куќниот буџет. Оние кои веќе одгледуваат ароматични растенија и тревки во домашни услови, веќе знаат дека тие на храната и даваат нова димензија. Вкус кој не може да се постигне на друг начин.

Но, овие растенија делуваат и на севкупната психичка состојба на човекот. Според истражувањата, луѓето кои имаат сопствена градина во која подработуваат, се посреќни, позадоволни и живеат подолго од другите луѓе. Експертите по хортикултура и градинарство ќе речат дека ароматични растенија се одличен избор за секој почетник кој сака да одгледува растенија. А, секако, се и поефтина варијанта, отколку да се купуваат во маркетите.

Покрај тоа, овие растенија имаат и лековито дејство. Имаат многу витамини, антиоксиданси и хранливи материи кои сигурно нема да ви пречат. Ние ви подготвивме и список на неколку ароматични растенија кои може да ги одгледувате во домашни услови и кои имаат лековито дејство.

Поточарка
Толку е моќна што има и антиканцерогено дејство. Пребогата е со железо, калциум, витамин А и Ц, антиоксиданси и јод.

Рузмарин
Извор на витамин Б6, железо и калциум. Го подобрува помнењето и спречува мозочни и срцеви удари.

Оригано
Добар за превенција од настинки и грип и мошне лесно се одгледува. А и домашната пица не може да се замисли без овој зачин.

Копар
Го олеснува варењето на храната, ги намалува болките во стомакот и желудникот и дуењето. Неговиот мирис го зголемува апетитот.

Related Posts with Thumbnails