wordpress counter

Состојки кои не сте знаеле дека се здрави

Кога ќе го земеме предвид современиот начин на исхрана на луѓето, вистинско чудо е како воопшто преживуваме? Сепак, постојат производи кои ни помагаат да го зачуваме здравјето. Ова е интересна приказна, бидејќи станува збор за производи кои не сме ги сметале за здрави, иако секојдневно ги внесуваме. Еве пет такви производи кои секојдневно го подобруваат нашето здравје.

Сенф
Верувале или не, сенфот е медицинска паста направена од синапово семе. Ова растение постои на нашата планета веќе 5.000 години и е едно од главите извори на слен, кој се бори против канцерогените клетки. Сенфот ја намалува мигрената, има антигабични и антисептични својства. Она што е интересно е дека ниеден сенф не е направен од штетни состојки или екстракти, па дури и ако е произведен од компании кои не произведуваат здрава храна. Поточно, секој сенф е здрав.

Салати од зелка
Докажано е дека зелката лечи стомачен улкус. Богата е со индол 3-карбинол кој ѝ овозможува да се бори против ракот и го успорува развивањето и на могу нападни типови на рак. Во минатото била многу популарна во медицината и била употребувана во секој лек. Најдени се податоци дека уште пред 2.000 години се правела туршија од зелка во Кина. Докажано е дека и закиселената зелка ги има истите состојки како и свежата, односно дека со закиселувањето таа не ги губи лековитите својства, ниту пак витамините.

Цимет, каранфилче, рузмарин, црвен пипер и други зачини
Речиси сите зачини во исхраната се користат и во медицината.

Циметот го регулира шеќерот во крвта, каранфилчето е бр. 1 извор на антиоксиданси од сите видови на храна. Рузмаринот е моќен дигестив и го детоксифицира организмот. Ѓумбирот е борец за имунитетот, вешто победува настинки и трески, па дури и ги намалува болките во мускулите. Ако го сакате карито, тогаш ќе ве израдува фактот дека е антиканцероген и ги уништува воспаленијата во организмот. Со исклучок на солта, која не смеете да ја внесувате во големи количини, сите други зачини се здрави и имате корист од нив.

Суво грозје
Можеби не ви звучи многу привлечно, но сувото грозје е многу моќен природен антиоксиданс. Најздравите состојки од грозјето се наоѓаат во лушпата и семките и содржи големи количини на ресвератол, од што се прават многу лекови. Тоа го детоксифицира телото и ја подмладува кожата.

Ореви, кикиритки, бадеми
Иако делуваат само како грицки, овие јаткасти плодови би требало да бидат застапени во вашата секојдневна исхрана. Оревите се антиоксиданс кој ја намалува можноста за срцев удар, кардиоваскуларни болести и го намалуваат ризикот од рак на простата. Кикиритките го штитат мозокот и го намалуваат нивото на холестерол во организмот. Бадемовото млеко има антиканцерогени својства. Јадете ги свежи, по можност непечени и несолени.

Related Posts with Thumbnails