wordpress counter

Супер храна за 2013 година

Со новата година, секогаш посакуваме да промениме нешто во нашата исхрана и повеќе да вежбаме. Овој тип на одлуки не мора секогаш да бидат мачни, особено ако во исхраната внесте некои од следниве продукти:

Црн ориз
Некогаш ова јадење било резервирано за кинеските благородници, а денес се смета за супер храна. Штити од рак, срцеви заболувања и полно е со антиоксиданси.

Цреши
Содржат мелатонин, состојки со помош на кои нашиот мозок нѐ успива навечер. Идеално овошје за сите кои имаат лош сон и проблеми со несоница.

Бобинка кафе
Мислиме на целата бобинка кафе, а не само зрното. Доволно е да се каже дека содржи големо количество антиоксиданси.

Кокосово млеко
Ова е супер пијалак на годината. Кокосовото млеко е најчистата течност за пиење, веднаш после водата. Луѓето најчесто мислат дека е полна со калории, но во една чаша има само 60.

Чоколадо
Чоколадото содржи антиоксиданси и магнезиум и во умерени количини (темно чоколадо). Важно е за кардио-васкуларното здравје.

Јачмен
Благодарение на влакната ќе го држи нивото на шеќер во нормални количини и ќе го подобри варењето. Има бета-глукан, кој го елиминира штетниот холестерол и содржи витамин Б3.

Костен
Преполн е со витамините Б6 и Ц. Тоа е иделен зимски продукт. Содржи и железо, диететски влакна и магнезиум.

Кајсија
Извор на бета-каротен кој има позитивно дејство на очите и кожата, го зајакнува имунитетот и ги елиминра слободните радикали.

Бели шампињони
Одличен извор на калиум, кој е добар за нормализирање на крвниот притисок. Содржи и селен, кој заедно со витамин Е ги штити клетките. Делуваат хидратантно.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Попуст ако не вечерате со мобилен уред

Во време кога нашиот живот е нераскинливо поврзан со технологијата, еден ресторан во Лос Анџелес настапи со еден навистина интересен...

Close