wordpress counter

Супер храна за жени 2

АКО САКАТЕ: БОРОВИНКИ
ЗАМЕНЕТЕ СО: МАЛИНИ

МАЛИНИ

Малините се одличен извор на антиоксиданси, особено на елагитанин кој има антиканцерогено делување. Исто така, тие се добар извор на витамин К, кој помага во одржување на коските и превенција од фрактури поради слаб квалитет на коските.

ПЛУС: Една шолја малини содржи 8 грама влакна, што е 1/3 од потребната дневна количина која им е потребна на жените за заштита од ракот на дебелото црево и други болести на системот за варење на храната.
УПОТРЕБА: Ако не знаете друг начин, можете да пробате салата од спанаќ и малини.

• • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • •

АКО САКАТЕ: БАДЕМИ
ЗАМЕНЕТЕ СО: ОРЕВИ

ОРЕВИ

Бадемите помагаат во намалување на холестеролот, но оревите се полни со алфа линоленска киселина (ALA), омега-3 масна киселина која не само што го штити срцето, туку и ги забрзува функциите на мозокот, ја зголемува меморијата и го подобрува расположението. Една порција (7 ореви) дава 2.5 грама на омега-3 киселини, што е сосема доволно за еден ден.

ПЛУС: Омега-3 киселините според некои универзитетски истражувања го намалуваат холестеролот подобро отколку што тоа го прават бадемите.
УПОТРЕБА: Посипете мелени оревчиња врз колач од јаболка и карамел, или едноставно додадете ги на оброк со овесни снегулки, цереалии или некоја салата.

Related Posts with Thumbnails