wordpress counter

Супер храна за жени 3

АКО САКАТЕ: ДОМАТИ
ЗАМЕНЕТЕ СО: ЛУБЕНИЦА

ЛУБЕНИЦА

Доматите се богати со ликопен, пигмент кој го намалува ризикот од болести на срцето, како и ракот на јајниците и матката. Но, едно парче сочна и слатка лубеница има двапати повеќе ликопен (7.8 мг), отколку еден домат.

ПЛУС: лубеницата е извор на витамините А и Ц, и има само 30 калории во 100 гр плод.
УПОТРЕБА: посипете чили врз парче ладна лубеница.

• • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • •

АКО САКАТЕ: ТЕМНО ЧОКОЛАДО
ЗАМЕНЕТЕ СО: СЕМКИ ОД ТИКВА

СЕМКИ

Ако вашето омилено темно чоколадо ви го подигнува расположението, но не ги сакате неговите калории и масти, тогаш земете еден грст семки од тиква. Како и чоколадото, тие се добар извор на аминокиселината триптофан, која е подигнувач на расположението.

ПЛУС: само 30 гр од овој плод ќе ви обезбеди половина од дневното количество на магнезиум кој му е потребен на организмот. Магнезиумот е есенцијален за здравјето на коските. Освен тоа, аминокиселината цитрулин во лубеницата кај човекот се претвора во аминокиселина аргинин, која потоа делува на намалување на крвниот притисок.
УПОТРЕБА: купете семки од тиква и ставете ги во салата или супа. Доколку правите чоколадни колачиња, тогаш додадете несолени сирови семки врз нив и испечети ги.

Related Posts with Thumbnails