wordpress counter

Супер храна за жени

АКО САКАТЕ: ПОРТОКАЛИ
ЗАМЕНЕТЕ СО: КИВИ

КИВИ

Ова мало овошје содржи околу 70 милиграми витамин Ц, што е многу повеќе од портокалот и само 5 милиграми помалку од препорачаната дневна доза. Веруваме дека на сите жени им е познато како делува овој витамин, но еве еден потсетник: сите брчки ги прави помалку видливи и ви овозможува да изгледате многу помладо. Дополнително, го подобрува и видот, го смалува ризикот од канцер и помага во сочувување на кардио системот.

ПЛУС: Кивито има за 20% повеќе калиум отколку бананите и е едно од ретките овошја кое содржи витамин Е.
УПОТРЕБА: Киселоста на кивито одлично се надополнува со благиот вкус на бананата. Излупете и исечкајте киви и банана, за да направите салата богата со калиум.

• • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • •

АКО САКАТЕ: БРОКУЛИ
ЗАМЕНЕТЕ СО: ПЕЧУРКИ

ПЕЧУРКИ

Брокулите се одличен извор на антиоксиданси, но истражувањата покажуваат дека печурките имаат многу фитохемикалии кои превенираат од канцерогени заболувања. Одберете печурки по својот вкус бидејќи секоја од нив е полна со важни состојки. Но, според истражувачите, шампињоните имаат најмногу антиоксиданси од оние печурки кои најчесто ги купуваме.

ПЛУС: Јадењето печурки ги сведува на минимум воспаленијата и го јакне имунолошкиот систем.
УПОТРЕБА: Пропржете печурки во маслиново масло или заменете го месото во бургерите со нив. Или насечкајте свежи печурки на парчиња, попрскајте ги со магдонос, сок од цеден лимон и маслиново масло.

Related Posts with Thumbnails