wordpress counter

Термогеничка диета (1 дел)

Основоположник на оваа диета е Кети Грахам. Таа имала проблеми со прекумерна тежина и поради тоа ја измислила оваа програма со која загубила цели 84 килограми за 18 месеци. Диетата се базира на намалување на внесот на јаглехидрати и ставање акцент на храна со низок гликемиски индекс.

Целиот пакет на исхрана е ориентиран кон термогенеза, односно ослободување на топлина со разградување на храна. Претпоставката е дека со ваков начин на исхрана, метаболизмот се насочува кон производство на топлина и се намалува таложењето на масти.

Посебни менија за посебен тип на тело
Оние кои ќе се решат да се зафатат со оваа диета, треба да одберат една од двете опции врз основа на изгледот на нивното тело.

Ако станува збор за тело во форма на јаболка, каде масното ткиво се собира во подрачјето на стомакот, тогаш треба да се следи т.н „план на согорување на јаглехидрати“.

Оние личности кои влегуваат во групата на крушковидни тела, каде најголемиот дел од масното ткиво се кумулира на бедрата, треба да следат „гликемичен план“.

Related Posts with Thumbnails