wordpress counter

Термогеничка диета (2 дел)

Во првиот дел се запознавме со основите на термогеничката диета. Видовме дека оние кои имаат тело во форма на јаболко треба да се придржуваат до „планот на согорување на јаглехидрати, додека оние со крушковидно тело да го следат гликемичниот план.

План на исхрана

Планот на согорување на јаглехидрати дозволува неограничено внесување на зеленчук, но го ограничува внесувањето на јаглехидрати на само два оброка дневно. И тоа исклучиво во облик на интегрални житарки. Внесот на овошје е ограничен на два плода дневно. Како извор на протеини се предлагаат: риба, немасно говедско месо и месо од живина. Дневното мени треба да содржи три главни оброци, ужина и десерт.

Гликемичниот план дозволува повеќе јаглехидрати, но и во овој случај се советува тоа да бидат интегрални житарки, додека рафинираните производи и оние од бело брашно се препорачува да се прескокнат. Се поттикнува внес на зеленчук, овошје и вода. Црвеното месо мора да се ограничи, додека слободна е консумацијата на немасно и помалку масно месо. Овој план опфаќа три главни оброци, еден десерт и предјадење, кое треба да се коснумира 15 минути пред ручекот и вечерата.

Кога станува збор за алкохол, тој не смее да се консумира во првите неколку недели од диетата. Со планот на исхрана треба да се продолжи и по постигнување на саканата тежина, само со поголем внес на состојки. Авторката предлага и физички вежби во траење од 30 минути, шест пати неделно.

Темелот на исхрана треба да го сочинуваат авокадо, мешунки, шумско овошје, зачини, млечни производи со ниска масленост, јајца, риба (ососбено туна и лосос), овошје (особено лимон), немасно месо, јаткасти плодови, маслиново масло, кафен ориз, интегрални житарки, школки, зеленчук и вода.

Меѓуоброците и ужинките треба да вклучуваат: сирење, намази (хумус, салса, гвакамоли), тврдо варени јајца, свежо овошје, пудинг, млеко, семки, јаткасти плодови без сол, протеински шејкови, свеж или варен зеленчук, јогурт.

Како продукти кои имаат термогеничко дејство се наведуваат и: лук, чили, јаболков оцет, целер, цимет, сенф, магданос, ѓумбир, лосос, туна и зелен чај.

Related Posts with Thumbnails