wordpress counter

Термогеничка диета (3 дел)

Оваа диета се базира на изгледот на вашето тело. Врз основа на тоа се одбира и соодветен план на исхрана, кој го разгледавме во вториот дел од оваа статија. Во последниот дел, ви ги наведуваме позитивните и негативните страни на оваа диета и ви даваме предлог мени.

Позитивни страни
Диетата препорачува внесување на свежа и непреработена храна, како и месо и млечни производи со ниска масленост. Тоа одговара на принципите на здрава исхрана. Друга предност е правилниот распоред на оброците во текот на денот, со што се спречува гладта. Третата позитивна страна се физичките вежби, кои имаат повеќекратно значење за организмот и здравјето.

Негативни страни
Ограничената консумација на јаглехидрати е нејзин најголем минус. Со долгорочна рестрикција на јаглехидрати се скратува внесот на диететски влакна, кои се мошне важни при варењето на храната. Тоа може да доведе и до недостаток на витамин Б.

Предлог мени

Појадок
• кајгана со белки
• лут салса сос
• праска
• шолја зелен чај

Меѓуоброк
• бадеми

Ручек
• салата од мешан зеленчук со фета сирење и маслинки

Меѓуоброк
• сиров целер, морков и црвена пиперка
• хумус со лук

Вечера
• лосос на скара
• аспарагус на пареа
• зелена салата со маслиново масло и оцет балсамико

Вечерна ужина
• јогурт и шумско овошје

Related Posts with Thumbnails