wordpress counter

Топ 5 диети за 2012 година (1 дел)

Списанието „U.S News & World Report“ неодамна го објави списокот на најдобрите диети за оваа година. Како најдобра е прогласена диетата „DASH“, која е креирана за луѓе со повисок крвен притисок, потоа „TLC“ која обилува со влакна, а третото место го делат диетата на клиниката „Мајо“, медитеранската диета и „Weight Watchers“ диетата.

Интересно е дека на овој список нема ниту една диета која нуди инстант решение. Значи, приказните за слабеење за една недела стануваат минато. Во овој случај, станува збор за диети кои бараат промена на животниот стил и навиките на исхрана.

Покрај тоа што делуваат на намалување на телесната тежина, главните диети за 2012 година нудат и дополнителни здравствени придобивки, од кои особено ќе го истакнеме позитивното делување на кардиоваскуларниот систем. Во наредните неколку продолженија на оваа статија ќе ви ги претставиме сите 5 диети.

Related Posts with Thumbnails